Во Јемен убиени 11 милитанти

архива

Единаесет милитанти, вклучувајќи и неколкумина лидери на Ал Каеда биле убиени во воздушен напад што се случил во текот на изминатата ноќ во Јемен. Според очевидци, неидентификувано беспилотно летало погодило два автомобила што се движеле источно од градот Лодер во јужниот дел на Јемен. Се прецизира дека најмалку четворица од убиените биле локални лидери на Ал Каеда.