Средба Обама-Саакашвили во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот грузиски колега Михаил Саакашвили на средбата во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот грузиски колега Михаил Саакашвили на средбата во Белата куќа разговарале за можен договор за слободна трговија и за безбедносната соработка.
Обама му рекол на грузискиот претседател дека Договорот за слободна трговија со Тбилиси е „можност“ и оти може да биде во корист на двете земји. Саакашвии рече дека договорот ќе помогне Грузија да еволуира како држава.
Обама исто така ја повтори американската поддршка на долгогодишните заложни на Грузија за зачленување во НАТО и и се заблагодари на земјата за придонесот во мисијата ИСАФ во Авганистан. Тој рече дека Тбилиси е „еден од најпосветените соработници надвор од НАТО“.
На самитот на НАТО, што во мај треба да се одржи во Чикаго, се очекува да се отвори и прашањето за зачленување на земјите од Кавказот во Алијансата.