Тензии во Струшко, собранието ќе расправа за состојбите

Доцна синоќа избувнал пожар во црквата „Свети Никола" во струшкото село Лабуништа. Според информации од охридската полиција, пожарот избил во трпезаријата на црквата, а потоа се проширил и во внатрешноста. Се уште не е познато дали инцидентот бил поврзан со низата други што се случија во струшко по протестите на муслиманските верници во петокот против навредливите маски на Вевчанскиот карневал.

Комитетот за односи меѓу заедниците во Парламентот, со кој раководи пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, ќе заседава со единствена точка на дневен ред
„актуелната состојба во светлина на последните настани и нивното влијание врз меѓуетничките и меѓурелигиските односи во Македонија“.