Временска прогноза-сончево и студено

Времето во Македонија е сончево и студено со умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од минус 22 до минус шест, а дневната од минус 10 до нула степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до минус четири степени.