Иран им понуди на нуклеарните инспектори на ОН да ја продолжат посетата

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи им понуди на нуклеарните инспектори на ОН да ја продолжат нивната три дневна посета на земјата и изрази оптимизам дека нивните наводи ќе помогнат за намалување на тензиите околу нуклеарната програма.
Посетата на членовите на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да заврши утре.