Лидерот на романска опозициона партија повикува на бојкот на Парламентот

илустрација

Претседателот на романската опозициска Социјалдемократска партија Виктор Понта предложи опозицијата да не учествува во работата на Парламентот. Понта смета дека почнувањето на протестот значи дека нема да учествуваат ни во работата на седниците ни во комисиите, додека не се направи чекор за распишување на предвремени избори.
Понта предлогот го испратил до опозициската Социал-либерална унија во која се обединети социјалдемократите, либералите и конзервативците.