Груевски-Турција е важен трговски партнер на Македонија

Премиерот Никола Грувески

Владиниот тим предводен од премиерот Никола Грувески денеска ги претстави можностите и предностите за инвестирање во Македонија пред стопанствениците во турскиот град Кајсери. На бизнис-форумот беа присутни 150 компании од дрвната индустрија, прехранбената, градежништвото и електрониката.
Груевски пред нив како позитивни врз бизнис климата во Македонија ги посочи макроекономската стабилност, нискиот буџетски дефицит, претпазливото задолжување, како и рамниот данок, воведениот едношалтерски систем и регулаторната гилотина.
Грувески изрази надеж дека Турција како важен трговски партнер на Македонија ќе ја продлабочи економската соработка меѓу двете земји.
Владиниот тим вечер ќе се сретне и со бизнисмените во градот Коња.