Започна самитот на лидерите на ЕУ во Брисел

Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон пред почетокот на самитот во Брисел

Започна самитот на европските лидери во Брисел, кој ќе биде фокусиран на проблемите предизвикани од финансиската криза. Лидерите на 27 земји членки на ЕУ треба да го финализираат договорот за буџетските реформи познат како фискален договор.
Тие ќе разговараат и за фондовите за спас на земјите од Унијата, кои се во должничка криза и начините како да се зголеми економскиот раст и да се отворат нови работни места.