Оптимизам од Иран за посетата на нуклеарни експерти

Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи е оптимист за посетата на тим од нуклеарни експерти од Обединетите нации. Претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија до вторник ќе престојуваат во Иран, во обид да добијат подетални одговори во врска со нуклеарната програма на земјата. Во извештајот од организацијата на Обединетите нации во Ноември се изразува загриженост дека во одредени аспекти на нуклеарната програма можат да се користат за воени цели. Салехи рече дека не очекува чуда од посетата, но дополни дека тоа е првиот чекор.