Се урна беспилотно летало во Израел

илустрација

Израелската војска соопшти дека се урнало едно од најсофистицираните беспилотни летала на армијата. Воен портпарол посочи дека леталото е големо колку патнички авион „Боинг 737” и дека неговиот пад е несреќен случај. Нема повредени и нема официјални информации за причините за несреќата.