Тројца осудени за хорор убиство во Канада

Тројца членови на авганистанско семејство во Канада се прогласени за виновни за „хорор убиство”, случај кој ја потресе канадската јавност. Тројца семејни членови - татко, мајка и постар син, се осудени за убиство на три помали сестри и братучед. Во текот на судењето, кое траеше три месеци, судот постојано добиваше докази дека сестрите тинејџетки често се карале со конзервативниот брат и родителите.