Данската ракометна репрезентација го освои европското злато

Арената во Белград

Данската машка ракометна репрезентација е новиот европски првак. Во финалето тие ја победија Србија која беше домаќин на првенството со 21-19. Најфикасен играч кај првопласираните со девет погодоци беше Микаел Хансен, а кај репрезентацијата која го освои среберениот медал со четири гола Рајко Продановиќ.
Третото место или бронзениот медел го освои Хрватска, која ја совлада Шпанија со 31-17.