Јорданскиот крал го поддржува создавањето на независна палестинска држава

Јорданскиот крал Абдула Втори

Јорданскиот крал Абдула Втори по посета на Халед Мешаал, лидерот на Хамас изјави дека неговата земја и натаму ќе го поддржува создавањето на независна палестинска држава, а источен Ерусалим да биде нејзин главен град.
За прв пат по 12 години еден лидер на Хамас е во посета на Јордан, откако Мешаал и други лидери на радикалната палестинска група во 1999 година беа протерани од Јордан, наводно поради притисок од САД и Израел.