Нападнати просториите на регионален весник во Русија

Руската Јаблоко опозициона партија соопшти дека канцелариите на еден руски регионален весник биле уништени при напад со молотов коктел. Според веб страната на партијата нападот на неделникот Вечерњи Краснокамск во регионот Перм на Урал се случил вчера изутрина.
Според извештаите непознат маж го скршил прозорецот на редакцијата на весникот и фрлил домашно направена бомба во просторот. Нема повредени во инцидентот, а сигурносните камери успеале да го снимат напаѓачот.