Ракометарите против Австрија во баражот за Светското првенство

Македонски ракометари на ЕП во Србија. Ниш.

Македонската машка репрезентација во баражот за Светското првенство во Шпанија ќе игра со репрезентацијата на Австрија. Натпреварот ќе се одигра на 10 и 11 јуни, а реваншот една недела подоцна.
Другите двојки кои беа извлечени денеска во Белград за пласман на првенството се Литванија-Полска, Русија-Чешка, Словенија-Португалија, Словачка Белорусија, како и Унгарија-Норвешка, Исланд-Холандија, Германија-БиХ и Шведска-Црна Гора.