Најмалку 19 лица загинаа при немирите во Сирија

Судирите низ Сирија во изминатата година

Најмалку 16 војници и три цивили загинаа во денешните судири низ земјата меѓу владините сили и дезертерите, кои се на страната на анти-владините демонстранти. Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека десет војници загинале кога бил нападнат нивниот воен конвој во Кансафра во севереозападниот дел на земјата.
Според организацијата тројцата цивили биле убиени при судирот на трупите на режимот и дезертерите на околу 10 километри одалеченост од Дамаск.