Меркел очекува Грција да остане во еврозоната

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за весникот Билд изјави дека Грција ќе остане во еврозоната и дека земјата нема да ја напушти ниту заедничката европска валута.
Меркел се залага Грција и натаму да биде дел од Унијата, повторувајќи дека Германија треба да го чува еврото и дополнува дека еврозоната има 17 членки и оти очекува тој број да се зголеми.