Уапсени десет лица на протестите во Оукленд

Протестите во Оукленд во минатата година во ноември

Американската полицијата употребила солзавец и шок гранати за да ги растера анти-капиталистичките демонстранти во калифорнискиот град Оукленд. Полицијата соопшти дека 10 луѓе биле уапсени.
Демонстрантите фрлале предмети кон полицијата, а се заканиле и дека ќе окупираат зграда во центарот на градот.