Лазаров е „Кирил Велики“ пишуваат чешките медиуми

навивачи на граничниот премин Табановце

Не само што аутсајдерите од Македонија во петокот обезбедија сензационално учество на квалификациите на следните Олимписки игри, туку и нивниот ракометар Кире Лазаров го надмина рекордот на давање голови на сите европски шампионати, пишува денеска чешкиот весник „Млада фронта днес“. Цитирајќи ја изјавата на Лазаров дека зад постигнатиот успех на македонската репрезентација стои целата екипа, весникот коментира дека „искрено без него би одело потешко“, јави дописникот на МИА од Прага. Лазаров е „Кирил Велики“, „Супер стар“, кој на седум натпревари успеа да постигне 61 гол, се вели во текстот, во кој на македонскиот тим му се предвидува исполнување на сонот за учество на летната Олимпијадата во Лондон.
Во меѓувреме, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска упати честитка до македонските ракометари за успехот на Европското првенство во Србија и обезбеденото учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.