Британија ќе се придржува до планот за повлекување од Авганистан

Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон потврди дека Обединетото кралство ќе се придржува до планот за повлекување на своите војници од Авганистан до крајот на 2014 година. Камерон ја даде изјавата по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Премиерот изјави дека Британија сака да има „долготрајна соработка” со Авганистан и по повлекувањето на британските војници, „до крајот на 2014 година”. Средбата се случува еден ден откако Карзаи се сретна со францускиот претседател Николас Саркози, кога беше постигната согласност за временскиот распоред за предавањето на воените операции во Авганистан. Согласно планот, НАТО треба да ги предаде воените операции на Авганистанската војска во 2013 година.