Арапската лига ги прекина активностите во Сирија

Набљудувачите на арапската лига заминуваат од Сирија

Арапската лига соопшти дека мониторинг мисијата на организацијата во Сирија е замрзната поради ескалацијата на насилството во земјата. Во соопштението на Лигата се наведува дека активностите на 100 набљудувачи во Сирија престанува од денеска. Шефот на Арапската лига Набил Елараби и премиерот на Катар се на пат до Њујорк, каде ќе побараат помош од Обединетите нации за спроведување на планот за прекин на кризата во Сирија. Нивната посета се случува во услови кога Советот за безбедност при обединетите нации дискутира за предлог резолуција за Сирија базирана на планот на Лигата. Во планот се бара оставка од сиријскиот претседател Башар Ал Адад со цел да се создаде техничка влада пред распишување на избори.