Претставници на Обединетите нации во посета на Иран

Претставници на Нуклеарната агенција при Обединетите нации денеска отпатуваа за Иран, каде ќе учествуваат на разговори за загриженоста на меѓународната заедница за можно производство на нуклеарно оружје во Техеран. Шефот на Интернационалната агенција за атомска енергија Херман Накаертс во Виена изјави дека дијалогот одамна касни. Уште од 2008 година официјален Техеран одбиваше во целост да соработува со Агенцијата при Обединетите нации и демантира дека во рамки на иранската нуклеарна програма се изработува оружје. Накаертс изрази надеж дека властите во Иран ќе понудат одговори за „загриженоста за можните воени димензии” на нуклеарната програма.