Топлес демонстрантки притворени во Давос

Од протестот на Фемен во Москва

Три украински топлес демонстрантки биле притворени денеска во Давос, обидувајки се да упаднат на Светскиот економски форум, на кој учествуваат илјадници бизнис лидери и политичари. Демонстрантките сакале на тој начин да го свртат вниманието кон сиромаштијата во светот. Активистиките се од групата Фемен, која стана позната по тоа што нејзините членки го изразуваат својот револт за одредени прашања со појавување со голи гради.