Протести на опозицијата во Казахстан

Алма Ата, 28.01.2011

Стотици подржувачи на опозицијата во Казахстан, протестираа денеска во Алма Ата против претседателот Нурсултан Назарбаев и резултатите од последните избори. Полицијата не интервенирала за време на протестот, но потоа биле приведени некои опозициони активисти. На изборите што се одржаа на 15-ти овој месец, 81 насто од гласовите освои партијата на Назарбаев. Меѓународните посматрачи оценија дека изборите не биле според демократските стандарди.