Бунтовниците во Сирија уапсиле 7-мина иранци

Сиријските бунтовници соопштија дека заробиле вкупно 7-мина иранци. Според претставник на армијата на бунтовниците, иранците биле уапсени во градот Хомс, а 5-мина од нив биле воени експерти од Иранската револуционерна гарда. Иранската државна агенција ИРНА во четвртокот јави дека 11 ирански аџии биле киднапирани во Сирија.