Лавров во Токио на разговори за Курилските Острови

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Токио се состана со неговиот јапонски колега Коичиро Гемба. Разговорите биле фокусирани врз долгогодишниот територијален спор за Курилските Острови, но како што е соопштено, не бил постигнат напредок. Двајцата министри размениле мислења и за безбедносни прашања, како и за кризата со нуклеарната програма на Северна Кореја.