Меѓу-етнички тензии во Струга

Во Струга синоќа непознат сторител го запалил македонското знаме на јарболот пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а друга група пак државното знаме од пред општинската зграда го заменила со муслиманско и албанско знаме.
Во временски интервал од само два часа бил каменуван и автобус на вевчанскиот автопревозник „Сприја“ и тоа на излезот од селото Велешта.
Како што соопштија од компанијата, патниците се исплашиле, а распрсканите стакла го повредиле возачот на автобусот.Од СВР Охрид потврдија дека имало инциденти и оти се случиле вакви настани. Информираа дека полицијата веднаш излеглае на местото на инцидентот и оти работеле на расчистување на случајот и на пронаѓање на сторителите. Со подетални информации соопштија дека ќе излезат во текот на денот.
Инцидентите следуваа после вчерашните мирни протести кога граѓани од исламска вероисповест реагираа на наводните антиисламистички сцени кои се појавиле на годинешниов вевчански карневал.При тоа беше побарано да не се игра со чувствата на муслиманите, но и со чуствата на нацијата.