Данска и Србија финалисти на ЕП во ракомет

Од натпреварот Србија-Хрватска.

Данска и Србија ќе играат во финалето на ЕП што се одржува во Србија. Во полуфиналните натпревари што се одиграа денеска во Белград, Данска ја совлада Шпанија со 25-24, а домаќинот беше подобар од Хрватска со 26-22.

Завршните натпревари на Европското првенство ќе се одиграат в недела. Шпанија и Хрватска ќе играат за бронзениот медал, а домаќинот Србија и Данска ќе се борат за шампионската титула.

Претходно, во натпреварот за петтото место, Македонија ја победи Словенија со 28-27 и со тоа обезбеди учество на квалификацискиот турнир за пласман на Олимпијадата.