Без договор како Косово да биде преставено на регионални форуми

Посредникот од ЕУ во дијалогот Белград-Приштина Роберт Купер разговараше преку видео конференциска врска со шефот на приштинскиот преговарачки тим Едита Тахири, javi српската национална телевизија РТС.
Според косовските медиуми, планираната вчерашна посета на Kупер на Приштина не била одложена само поради лошите временски услови, туку главна причина било што на средбата меѓу Купер и главниот српски преговарач Борислав Стефановиќ во средата во Белград не бил постигнат напредок по прашањето за претставувањето на Косово на регионални форуми.
Наместо во Приштина, Купер и Тахири зборувале преку видео врска и од резултатите на овој разговор ќе зависи дали следната недела посредникот од ЕУ ќе замине на Косово.