Саркози - французите ја продолжуваат мисијата во Авганистан

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека Франција ќе ја продолжи тренинг мисијата, а силите од Авганистан ќе бидат повлечени според првичниот план на крајот на 2013 година.
Саркози ова го изјави по средбата со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи кој е во посета на Париз во обид да ги поправи односите откако авганистански војник уби 4 француски војници.
Париз тогаш се закани дека пред време ќе ги повлече војниците од Авганистан.