Хрватски навивачи без билети вратени од границата со Србија

Македонаки навивачи

Српската полиција врати од граница еден автобус со хрватски навивачи, кои немале билети за натпреварот во полуфинале на шампионатот на Европа меѓу ракометарите на Србија и Хрватска.
Според хрватските медиуми, моментално на пат кон Србија се четири автобуси со навивачи од Загреб, кои се предводени од „Бед блу бојс“.
Кон колоната, која има полициска придружба во Жупањ се приклучи и еден автобус со навивачи од Босна и Херцеговина.
Натпреварот Србија-Хрватска се игра од 20:15 часот во Белградската арена.