Во Скопје изложба за Меѓународниот ден на холокаустот

Во Меморијалниот музеј на холокаустот во Скопје е отворена изложба на 16 наградени постери од конкурс за дизајн на студенти од Чешка, Франција и Израел, на тема „Холокауст: зачувување на сеќавањето,, која на денешниот Меѓународен ден на холокаустот се отвора во 90 градови во светот. Поттема на изложбата е „Децата на холокаустот,, а нејзина цел е да се подигне свеста за значењето на овој ден кој е прогласен од Обединетите нации во 2005 по повод 60 години од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц. Покрај Скопје во одбележувањето на Денот во сеќавање на жртвите од холокаустот се вклучува и Битола зашто од овие два града заедно со Штип беа депортирани најголем број македонски Евреи во логорот Треблинка.