Понудена компензација за патниците на Коста Конкордија

Италијанската компанија Коста Круз која е сопственик на превртениот заринкан брод Коста Конкордија им понуди на патниците 11 илјади евра како компензација. Компанијата ветила и рефундирање на трошоците за патувањето како и за медицинските трошоци.
Овој договор со италијанската потрошувачка групација не ги покрива физичките повреди и загубата на животите.
На Коста Конкордија имаше над 4 илјади патници кога заринка на 13 Јануари при што е потврдена смрта на 16 луѓе а други 16 се водат како исчезнати.