Истрелани гранати врз воена академија во Пакистан

Врз елитната воена академија во Аботаб, во Пакистан биле истрелани гранати кои ги оштетиле надворешните зидови. Засега нема извештаи дали имало човечки жртви и не е јасно кој стои зад нападот.
Оваа Академија е во близина на местото каде во Мај во напад на американски специјалци беше убиен лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен.