Кокаин по пошта стигнал во седиштето на ОН

Во седиштето на Обединетите Нации по пошта пристигнал пакет со 16 килограми кокаин од Мексико. Полицијата и официјални претставници на ОН соопштија дека две лажни дипломатски торбички со логоата на ОН биле доставени до седиштетото на организацијата минатата недела. Пакетот бил испратени од Мексико и стигнал до ДХЛ центарот за испорака во Синсинати каде вработените забележале дека на него не е заведена адреса за враќање на поштата. Но откако го видиле логото на ОН компанијата ги испратила торбичките до седиштетото на организацијата во Њујорк. Полицијата соопшти дека нема докази оти некој од ОН е поврзан некако со пакетите и оти некој во Мексико најверојатно сега е во неволја.