Зголемена невработеноста во Шпанија

Стапката на невработеност во Шпанија се зголеми на речиси 23 насто во четвртиот квартал на изминатата година. Министерот за финансии Кристобал Монторо изјави дека 5 милиони и 400 илјади луѓе останале без работа на крајот на декември за разлика од третиот кваратл кога нивната бројка изнесувала 4 милиони и 900 илјади. Шпанија ја има најголемата стапка на невработеност во еврозоната.