Путин бара построги мерки за странците кои нелегално се во Русија

Рускиот премиер Владимир Путин при неговата посета на Федералниот миграциски сервис во Москва

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека на странците кои ги прекршиле Законите за труд и миграција треба да им се забрани да влезат во земјата. Путин говорејќи при неговата посета на Федералниот миграциски сервис во Москва сугерирал забраната да трае до десет години.
Путин кој ја започна кампањата за претседателските избори кои ќе се одржат во март изјави и дека Русите кои кријат мигранти без дозвола треба да бидат кривично гонети.