Тимоти Гајтнер ќе се повлече од функцијата?

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека не верува оти ќе остане на функцијата, доколку претседателот Барак Обама биде реизбран годинава. Гајтнер е единствениот, од првиот економски тим на Обама, кој сеуште е на својата функција и е постојана цел на критики за економските политики на администрацијата на Обама.