Илјадници лица се собраа во Каиро на одбележувањето на Анти Мубарак револуцијата

Илјадници лица се собраа во Каиро вчера на одбележувањето на првата годишнина од протестите против Хосни Мубарак со кои тој беше сменет од функцијата претседател пред една година. Инспирирани од слични случувања во Тунис луѓето во таа земја излегоа на улица да бараат демократски промени и промена на режимот. Вчера поддржувачите на исламистичките партии и на прореформските сили демонстрираа на различни страни од плоштадот. Едните изјавуваа дека се собрале да ја прослават годишнината, а другите бараа одговорност за убиените демонстранти за време на минатогодишните протести.