Македонија ја совлада Србија на ЕП во ракомет

Ракометарите на Македонија ја совладаа вечерва репрезентацијата на Србија со 22 спрема 19. Македонија и во петок за 5 место во Европа ќе игра против Словенија. Од овој натпревар најверојартно ќе зависи и пласманот на следните Олимписки игри.
Како и да е, Македонија во оваа фаза на Европското Првенство во Србија се пласираше на 3 место во Групата зад второпласираната Данска и првопласираната Србија.
Македонските репрезентативци водеа речиси во текот на целиот меч против Србија и најефикасен во македонскиот тим беше Кирил Лазаров со 10 постигнати голови. Натпреварот во Белград го следеа повеќе илјади навивачи дојдени специјално од Македонија.