Попоски во Брисел ги реафирмира напорите на Македонија за во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на престојот во Брисел по усвоената Нацрт-резолуција за напредокот на Македонија од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја реафирмира заложбата за што поскоро почнување на преговорите за членство во Европската унија.
Членовите на Европскиот парламент, како што е наведено во соопштението на МНР го поздравиле напредокот на Македонија и изразиле поддршка за почетокот на пристапните преговори за влез во ЕУ.