Обама со пофалби за спасувањето на заложниците во Сомалија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ги пофали американските специјални сили кои спасија двајца странски хуманитарни работници, како и еден Американец кои беа во заложништво на пирати во Сомалија од октомври во минатата година.
Во соопштението Обама вели дека тоа е уште една порака до светот дека САД и натаму со сите сили ќе се спротиставуваат на насилството врз неговиот народ.