Годишнина од револуцијата во Египет

Илјадници египќани се собраа во центарот на Каиро да ја одбележат првата годишнина од масовниот револт кој го принуди Хосни Мубарак да поднесе оставка од претседателската функција. На плоштадот Тахрир имало приврзаници и на двете струи, на происламистичките партии кои победија на парламентарните избори и на прореформските либерали кои бараат побрзо заминување од власт на воениот совет кој раководи во земјата по отстранувањето на Мубарак.