Прв трговски дефицит на Јапонија по 30 години

Јапонски јен

Јапонија денеска објави дека е забележан првиот годишен трговски дефицит по 1981 година. Министерството за финансии на оваа земја соопшти дека дефицитот за 2011 година изнесува 32 милијарди долари.
Падот се припишува на земјотресот и цунамито што ја погодија земјата во март и предизвикаа тешки разурнувања на североисточниот брег, вклучувајќи го и проблемот на нуклеарната централа Фукушима. Друга причина за дефицитот бил и силниот јен, што предизвикало пад на извозот за 2,7 проценти и раст на увозот за 12 насто.