Почнува Светскиот економски форум во Давос

Во швајцарскиот зимски центар Давос денеска почнува Светскиот економски форум, на кој ќе учествуваат околу 1.600 економски и политички лидери, меѓу кои и 40 шефови на држави и влади. Се очекува на состанокот да биде побарано од учесниците итно наоѓање начини за реформа на капиталистичкиот систем. Според најавите, во дискусиите ќе доминира неуспехот на еврозоната да ја надмине својата должничка криза, како и изгледите овие проблеми да се прошират и на светската економија.
Петдневниот форум ќе го отвори германската канцеларка Ангела Меркел, која се очекува да го претстави нејзиниот курс за должничката криза во еврозоната во наредните месеци.