Претставникот на ЕУ Роберт Купер во Белград и во Приштина

Посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер денеска ќе престојува во Србија и во Косово. Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ изјави дека целта на разговорите е надминување на јазот меѓу двете страни и постигнување договор за регионалното претставување на Косово.
Повеќе европски претставници деновиве истакнаа дека напредокот на Србија кон ЕУ зависи од продолжувањето на дијалогот со Приштина, а едно од најспорните нерешени прашања е регионалното претставување на Косово.