Путин плагирал колумна?

Рускиот премиер Владимир Путин.

Руски блогери денеска обвинија дека една колумна за етничките прашања објавена оваа недела од премиерот Владимир Путин во голем дел е плагијат од една социолошка монографија. Мета на критиките е текстот „Русија: Национално прашање“ на премиерот Путин што беше објавен во весникот „Независимаја газета“.

Блогерите тврдат дека околу една третина од текстот е препишан од монографија од социологот Валериј Тишков и уште двајца истражувачи. Сепак, авторот Тишков, кој е член на Руската академија на науките, рече дека не е убеден оти неговото дело е плагирано.

Ова е втор текст на Путин во печатот, како дел од кампањата за претседателските избори што треба да се одржат во март.