И Австралија ќе воведе ембарго за увоз на иранска нафта

Aвстралискиот министер за надворешни работи Кевин Руд.

Австралија ќе ја следи ЕУ и ќе воведе ембарго за увоз на нафта од Иран, најави австралискиот министер за надворешни работи Кевин Руд за време на посетата на Лондон.

ЕУ вчера забрани потпишување нови договори за увоз на нафта од Иран, но посочи дека постоечките договори ќе важат до 1 јули.

Санкциите имаат цел да се изврши притисок врз Иран да прекине со нуклеарната програма за која западот тврди дека служи за изработка на атомска бомба.

Иранското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Данска, која претседава со ЕУ, да му врачи протест за ембаргото.