Бесплатен превоз и 1.000 билети и за мечот Србија-Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите, кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија.

Бесплатен железнички превоз и билети за 1.000 македонски граѓани се обезбедени за утрешниот ракометен натпревар Македонија - Србија, соопшти денеска Владата.

Заинтересираните граѓани ќе може да аплицираат денеска од 17 до 19 часот на www.ovaemakedonija.mk, а изборот ќе се изврши во 19:15 часот преку директен пренос на Првата програма на Македонската телевизија.

Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата, а билетите се обезбедени од страна на ГП „Пелистер“.