Влошена состојба на светскиот пазар на труд

Седиште на Меѓународната организација за труд во Женева

Меѓународната организација за труд во Женева соопшти дека изгледите на светскиот пазар на труд се влошени и дека ситуацијата бара итни мерки. Според ГЕТ, околу 600 милони работни места треба да се отворат во следните десет години за да се одговори на побарувачката.
Околу 1, 1 милијарда, односно секој трет работник во светот е или невработен или живее во сиромаштија, се наведува во годишниот извештај на организацијата. На удар најмногу се младите а единствена светла точка се растечките економии во Источна Азија и Латинска Америка.